петок, 25 октомври 2024

„Македонија треба да го промени менталитетот, ракометарите мора сами да работат на себе“

Селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров смета дека нема да имаме напредок во спортот додека нашите спортисти не почнат да работат и самите на себе, надвор од тренажниот просец во клубовите.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија одлично ѝ парираше на Франција во првите 20 минути, а потоа следуваше пад. Очигледна беше разликата во физичката подготовка, а Лазаров вели дека тоа е нешто на кое македонските ракометари и воопшто сите спортисти во нашата земја треба индивидуално да работат.

„Мене ми е јасно зошто го губиме натпреварот и зошто не можеме да сме рамниоправни 60 минути. Затоа и јас инсистирам од сите наши играчи во Македонија, треба да го промениме менталитетот, треба да вложуваат индивидуално сами во себе како играчи. Видовте со Франција со какви играчи си имаме работа на физички план“, вели селекторот Лазаров.

„Колку и да си ракометно добар, мислам дека таа физичка спрема и снага е најмногу важна. Тие се професионалци, работат сами на себе, ние во Македонија се тераме да работиме. Мора да се мотивираме, мора да се уценуваме да работат. Тој менталитет треба да се промени не само во ракометот, туку и во сите спортови. Инаку и понатаму ќе заостануваме“.

„Ракометно, можеме најмногу да се доближиме до големите сили. Можеме да парираме, имаме и глава и опашка, но изостанува физичкиот дел. Сега имаме добра макеоднска лига, но треба поквалитетен ритам на средбите, еден побрз ритам, да нема влечење по терен. Самите видовте дека за пет минути разликата може да оди од три на 13 разлика. И тоа не само нас, може тоа секому да се случи. Ете со Франција инсистиравме да не биде така, но на крајот отиде разликата на минус десет“.

Од Диселдорф за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ