петок, 14 март 2025

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир пред последните два меча од квалификациите за Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Добра вест за селекторот Александар Јончевски е тоа што на располагање ќе ги има двајцата евролигаши, Ти Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ кои првпат ќе играат заедно за Македонија.

Пред Македонија се натпреварите во петок против Естонија на гости и во понеделник против Полска дома. Естонците мора да ги победиме најмалку со шест разлика, а треба да славме и над Полска. Во меѓувреме треба да очекуваме и Литванија да ја совлада Естонија.

На списокот ги нема Дамјан Стојановски и Адем Мекиќ поради повреди.

Список на кошаркари:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Дамјан Робев – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Шошкиќ – Работнички
Теодор Симиќ – Кожув
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
Лејсон Зеќири – Башкими
Андреј Јакимовски – Колорадо
Ти Џеј Шортс – Париз

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ