недела, 14 јули 2024
Анкета на СКМ

Македонија се гуши од корупција, се бараат пари, вработувања, унапредувања, донации за партии

Пари, подароци, вработувања, унапредувања и донации за политички партии се најчестите барања за мито од функционери на централната и локална власт побарани од македонските компании во 2023 година, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Македонија (СКМ). Наголем дел од митот било во постапка за добивање дозвола или одобрение при инспекциски надзор и при царинска или тендерска постапка, а следат и барања за ммито во даночна, судска или катастарска постапка. Резултатите од анкетата покажуваат идека ниту една компанија не одговирла дека им било побарано мито во обвинителска постапка или постапка на ревизија.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Многумина не разбираат колкава е штетата од корупцијата и дека таа ги погодува сите затоа што парите од поткупот завршуваат во приватни џебови наместо во Буџетот на државата која потоа нема пари да им обезбеди квалитетни услуги на граѓаните. На меѓународното рангирање како единствено релевантно Македонија е на 76 место по пршањето на корупцијата и во вакви околности нужно е дека нешто мора да се прави, изјави Зоран Јовановски своетник во Стопанската комора на денешната презентција на резултатите од анкетата во врска со коруптивни барања со кои се соочиле македонските коммпании.

На анкетата одговориле 138 комапнии од кои 75 на сите прашања. Седиштата на компаниите се во 25 општини и работат во 48 дејности. Од нив 2/3 работат на домашниот пазар, а 1/3 на странскиот. 92 отсто од испитаниците се од менаџментот на компаниите.

Најмногу мито барале функционери од централната власт

На прашањето дали мината година се соочиле со коруптивно барање од јавниот сектор 53 проценти одговориле дека се соочиле со такво барање.

„Со понатамошна анализа утврдено е дека со такво барање се соочиле сите компании без оглед на нивната големина. Прашани од кое нивно на државната власт дошло коруптивното барање, 78 отсто од компаниите одговориле дека барањето дошло од централната власт, а за 22 отсто од компаниите дошло од локалната власт“, рече Јовановски.

Најмногу од компаниите одговориле дека за една година им било побарано мито од два до пет пати, а најчесто им биле барани пари, подароци, услуги, вработувања, унапредувања во рамки на компанијата, но и барања донација за политички партии.

„Наголем дел од барањата биле во постапка за добивање дозвола, одобрение и слично, потоа при инспекциски надзор, при царинска или тендерска постапка. Има и одговори кои вклучуваат даночна, судска или катастарска постапка. Она што е интересно што има нула одговори кога е вопрашање обвинителска постапка или постапка на ревизија. 2/3 од компаниите одговориле дека тоа им било побарано индиректно, а 1/3 признале дека тоа им било побарано директно. Индиректно значи дека им било дадено до знаење дека од нив нешто се очекува. Веројатно јавниот сектор е внимателен во оваа работа“, рече Јовановски.

Што се однесува до парите, резултатите од анкетата покажуваат дека на компаниите им биле барани помеѓу 1.000 и 10.000 евра.  На пет компании им било побарано и повеќе од 100.000 евра. Што се однесува до тендерите на компаниите им биле барани од 6 до 10 отсто од вредноста на тендерот.

Ретко кој пријавил корупција не веруваат дека ќе даде резултати

Иако соочени со корупција, ретко која македноска компанија пријавила дека од неа било побарано мито. Па така, од 51 одговор, 31 компанија рекле дека не пријавиле барање за мито.  Дел од нив одговориле дека нормално е нешто да се даде, а многу мал дел пријавиле кај претпоставениот во јавниот сектор.

„Најчести одговори зошто не пријавиле се дека тоа нема да има ефект, а дел од компаниите рекле дека се плашат дека ќе имаат негативни последици по нив ако пријават. 30 отсто од компаниите на кои им било побарано мито одговориле дека мислат дека ако не го прифатат барањето ќе пропаднат, 35 отсто рекле дека тоа ќе им помогне во бизнисот, а 30 отсто дека тоа нема никакво значење. 48 отсто од компаниите одговориле дека со тоа што не одговориле на коруптивните барања нивните планирани бизнис активности се пролонгирале“, рече Јовановски.

Како најголеми причини за корупција компаниите ги навеле неефикасниот судски систе, поеднинци од власта кои сакаат брзо да се збогатат, владеење на морална криза и непримента на законите. 42 компании одговориле дека нема ефикасна заштита на тие што пријавуваат корупција, а 23 компании одговориле дека се ниски платите на службениците во јавниот сектор.

Скоро сите компании веруваат во борбата протв корупцијата

96 отсто од испитаните компании веруваат дека борбата против корупцијата е можна.

„59 отсто од нив велат дека корупцијата може значително да се намали, 26 дека ќе ја има, ама може да се ограничи, а 8 отсто веруваат дека таа може целосно да се елиминира. За да се направи тоа, 57 компании одговорија дека треба да се зголемат казните за коруптивните дела, Јавното обвинителство треба да има обврска во разумен рок да се произнесе по пријавите од ДКСК и дека треба да се зголеми свеста и интегритетот на самите компании“, кажа Јовановски.

Тој најави дека Стопанската комора во наредните 12 месеци, во рамки на проектот „Граѓаните против корупцијата“, ќе потпише меморандум за соработка со Антикорупциската комисија, ќе реализира обуки и работилници за компании и ќе изготви кодекс за етичко однесување.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ