Хрватска уште од почетокот на мечот покажа дека е далеку поквалитетна репрезентација, на полувремето домашните ракометарки имаа предност од 14-8.
Во вториот дел Македонија одигра нешто подобро, но Хрватска имаше тотална контрола врз резултатот, конечниот гласеше 26-18.
Најефикасна во редовите на македонската селекција беше Ива Младеновска со три погодоци, додека по три гола за Хрватска запишаа Јосипа Мамиќ, Тина Баришиќ и Николина Крагуљ.
Македонија утре од 16 часот игра против Србија.