среда, 24 јули 2024

Македонија ќе биде домаќин на јуниорско Светско првенство во ракомет

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе биде организатор на Светското јуниорско првенство во женска конкуренција од 19 до 30 јуни, а на турнирот ќе настапат 32 репрезентации.

Објавено на

часот

Сподели

На ждрепката која се одржа во Германија на 13 април, ракометарките беа поделени во осум групи со по четири репрезентации кои ќе играат меѓусебе во прелиминарната рунда.

Откако ќе се комплетираат трите кола, најдобрите две селекции од секоја група ќе продолжат во главната фаза, додека другите две ќе играат во Президент купот.

Натпреварите ќе се играат во три сали во Скопје. Македонската ракометна репрезентација ќе игра во „Борис Трајковски“, каде што ќе се играат и дуелите од финалниот ден, додека средби ќе има и во двете сали во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Македонските ракометарки се во група заедно со САД, Исланд и Ангола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ