среда, 27 ноември 2024
Куп на Македонија

Македонија ЃП ја победи Струга и го одбрани Купот на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Трет пат во историјата Македонија Ѓорче Петров го крена трофејот од Купот на Македонија, Струга Трим Лум не успеа да дојде до двојна круна.

Мишевски со удар од белата точка во првото полувреме донесе водство за Македонија Ѓорче Петров од 1-0. Струга Трим Лум успеа да изедначи преку Јусуфи во 79. минута на 1-1.

Тоа беше конечниот резултат по 90 минути, а немаше друг погодок во двете продолженија од по 15 минути, па пеналите требаше да го решаваат победникот.

А пенал серијата беше ужасна, фудбалерите на Струга Трим Лум четири пати шутнаа и не погодија ниту еднаш, Македонија Ѓорче Петров реализираше двапати од четири обиди и на крајот се радуваше на трофејот.

За Струга промашија Фљамур Таири (преку гол), Марјан Радески и Меџит Незири (двајцата пречка) и Бунјамин Шабани (Христијан Стевковски одбрани), додека за Македонија ЃП Есмин Личина во втората и Емир Скендери во четвртата серија погодија за победа, откако Филип Мишевски и Филип Алексовски промашија, односно Ведран Ќосевски им ги одбрани ударите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ