петок, 22 ноември 2024

Македонија 11 месеци не се израдувала на победа, Ерменија мора да падне во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Ерменија во натпревар од второто коло во новата сезона од Лигата на нации.

Објавено на

часот

Сподели

По срамното реми во Торшавн со Фарски Острови, македонските фудбалери имаат нов предизвик, дуел со Ерменија на домашен терен.

Ерменија е репрезентацијата која последна ја победивме, тоа се случи во октомври минатата година кога славевме со 3-1. Оттогаш немаме ниту еден триумф, а поминаа седум натпревари.

Формата на македонската репрезентација е далеку од посакуваното ниво, селекторот Благоја Милевски никако да создаде добитен состав кој ќе почне да носи резултати, а времето поминува.

Во изјавите пред натпреварите и Милевски и фудбалерите се полни со оптимизам, така беше и овојпат, но како одминува времето кај навивачите е се поприсутен скептицизмот дека може да биде подобро.

На денешниот натпревар против Ерменија немаме право на кикс, доколку не победиме ќе следува нова бура од реакции во јавноста која дополнително ќе се одрази негативно врз репрезентацијата на која очигледно ѝ се потребни промени.

Со победа ќе ги одржиме шансите за првото место во групата иако по ремито кај Фарски Острови мисијата за тој успех станува тешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ