вторник, 22 октомври 2024

Македонците од Албанија го одбележаа патронот на црквата во селото Леска

Во организација на црковниот одбор, поддржан од друштвото Преспа денеска е одбележан патронот на црквата Света Петка во селото Леска, општина Пустец, Мала Преспа, Албанија.

Објавено на

часот

Сподели

„Одбележувањето почна со утринска богослужба што ја одржа парохискиот намесник Алексо Темелко. Послужен беше ручек а имаше и македонска музика и оро“, рече за МИА, Панди Јани од друштвото Преспа.

Додаде дека освен постојаните жители, за оваа селска слава,  тука биле и поранешни жители и нивните потомци, како и членови на друштвото Преспа.

„Во храмот посветен на Света  Петка преподобна римска запаливме свеќи и се помоливме да не дарува со здравје и убавини сите Македонци каде и да сме“, рече Панди Јани.

Леска е едно од деветте села на општина Пустец, со над 350 жители. Во селото постои и црквата Свети Василиј, чиј патрон исто така достојно се одбележува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ