петок, 22 ноември 2024
Истражување на Алма кариера Хрватска

Македонците и Србите се најспремни да се преселат на Запад заради работа

Работниците од Македонија (55 отсто) и од Србија (54 отсто) се најподготвени да се преселат заради работа, додека испитаниците од Словенија (33 отсто) и од Хрватска (38 отсто) се нешто порезервирани, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Алма кариера Хрватска, меѓународна компанија најпозната по брендот МојаРабота.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Колку работници од регионот се подготвени да се преселат на работа во странство? Кои се причините што не поттикнуваат на таков чекор? Дали е тоа трајно преселување или се уште се надеваме дека ќе се вратиме дома? Ова се само дел од прашањата што беа во анкета за време на овогодинешниот Регионален саем за вработување, како дел од истражувањето спроведено од Алма кариера Хрватска, меѓународна компанија најпозната по брендот МојаРабота.

Истражувањето опфатило повеќе од 6.600 испитаници од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Македонија, а резултатите ги открија клучните причини и услови под кои испитаниците би одлучиле да работат во друга земја.

Работниците од Македонија (55 отсто) и Србија (54 отсто) се најподготвени да се преселат заради работа, додека испитаниците од Словенија (33 отсто) и Хрватска (38 отсто) се нешто порезервирани.

Европските земји остануваат најатрактивни дестинации за преселување на мнозинството од испитаниците, но 45 отсто од работниците од Словенија размислуваат да се преселат во некоја од соседните земји, што е тренд што го следат 40 отсто од работниците од Македонија и Босна и Херцеговина, 27 отсто Хрвати и 26 отсто Срби.

Кога станува збор за европските земји (надвор од регионот), дури 87 отсто од Хрватите ја избираат оваа опција, а слични ставови има и кај испитаниците од Босна и Херцеговина (66 отсто) и Македонија (64 отсто).

Напуштањето на Европа не е особено привлечно за работниците од Хрватска – само 21 отсто од испитаниците се отворени за оваа можност, што е споредливо со ставовите на работниците од Словенија (22 отсто) и Србија (21 отсто). Идејата за заминување е уште помалку популарна кај испитаниците од Македонија (17 отсто) и Босна и Херцеговина (16 отсто).

Што се однесува до движењето во регионот, Хрватите најчесто ја избираат Словенија (90 отсто), додека другите опции се многу помалку застапени – Босна и Херцеговина (13 отсто), Србија (10 отсто), Црна Гора (3 отсто) и Македонија и Албанија (1 отсто).

Од друга страна, работниците од Србија би сакале да работат во Словенија, Словенците во Хрватска, додека на работниците од Македонија подеднакво им се атрактивни Хрватска и Словенија.

Без разлика на земјата на потекло, испитаниците се согласуваат – повисоките плати, подобрите услови за работа и живот, стручното усовршување и социјалната сигурност се главните причини за преселба. Политичката стабилност е особено важна за работниците од Босна и Херцеговина, што не е случај со работниците од другите земји.

Повеќето хрватски работници го гледаат овој потег како привремен потег. Поточно, 28 отсто би работеле во странство помалку од една година, 18отсто би останале од една до три години, а 19 отсто од испитаниците би останале „надвор“ помеѓу три и пет години. Само 17 отсто од испитаниците се подготвени да останат трајно, додека оваа бројка е највисока меѓу работниците од Босна и Херцеговина (50 отсто) и Македонија (37 отсто).

Мнозинството од испитаниците кои размислуваат за работа во странство истакнале дека секторот за работа не е пресуден за нив при одлучувањето. Сепак, меѓу оние кои имаат јасни преференции, најатрактивни сектори се туризмот и угостителството и ИТ индустријата.

Во однос на очекувањата од работодавачите, најважни се конкурентните плати, добрата работна средина, сигурноста на работното место, можноста за професионален развој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ