„Жешките“ се на еден чекор до големото НБА финале откако по третпат го совладаа Бостон, овојпат во многу убедлив натпревар. Во еден момент од мечот, Мајами водеше и со 33 разлика. Во еден таков однос на теренот, беа поштедени главните играчи Батлер и Адебајо кои играа помалку од вообичаеното.
Најмногу се истакна Гејб Винсент кој постигна 29 поени, тоа беше негов рекорд во плејоф меч, Робинсон даде 22 поени, Батлет имаше 16, а Адебајо 13. Во составот на Бостон, Тејтум постигна само 14 поени, имаше и десет скокови, Браун реализираше 12.
Следниот меч се игра исто така во Мајами, домаќините ќе имаат убава шанса со перфектна серија да се пласираат во големото финале.