петок, 18 октомври 2024
Лига на шампиони

Магдебург е сензационален освојувач на Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На Магдебург му се даваа најмалку шанси да го крене пехарот, нивната приказна беше слична на онаа на Вардар во 2017 година. Беа дебитант на фајнл-фор турнирите, а на крајот го кренаа големиот пехар.

Откако во полуфиналето на пенали ја совладаа Барселона, овојпат во финалето против себе го имаа Кјелце кој исто така беше фаворит во дуелот.

Кјелце го доби првото полувреме со 15-13, но Магдебург возврати во вториот дел, по 60 минути игра беше 26-26, натпреварот отиде во продолжение во кои подобар беше германскиот тим и на крајот се радуваше на триумф од 30-29.

Најефикасен кај Магдебург беше Смитс со осум голови, по шест постигнаа Кристијансон и Дамгард, во составот на Кјелце најдобар беше Алекс Душебаев со осум погодоци.

Пред овој меч се играше дуелот за третото место меѓу Барселона и ПСЖ. Каталонците славеа со убедливи 37-31.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ