вторник, 22 октомври 2024

Мадуро: Венецуела се враќа на дијалогот со САД

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро вети дека ќе ги продолжи преговорите со Соединетите Американски Држави, откако во телевизиско обраќање кажа дека Вашингтон контактирал со Каракас предлагајќи повторно да се воспостави дијалог, а откако САД во април повторно ѝ воведоа санкции на венецуелската енергетска индустрија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По два месеци размислување прифатив, а следната недела повторно ќе почнат разговорите со владата на Соединетите Американски Држави да се испочитуваат договорите потпишани во Катар и повторно да се воспостават услови за итен дијалог“, кажа Мадуро, а пренесува Асошиејтед прес.

Во својство на официјален преговарач во Америка ќе отпатува Хорхе Родригез, додаде претседателот, не прецизирајќи за кои теми ќе се разговара или каде ќе се одржи следната рунда од дијалогот.

Договорот постигнат во Катар во септември 2023, кој го спомнува Мадуро, следеше по повеќемесечните преговори на Венецуела и САД и обезбеди размена на затвореници меѓу двете земји.

Покрај тоа САД суспендираа некои енергетски санкции на Каракас откако владата на Мадуро и опозицијата во октомври на Барбадос се договорија да одржат „слободни и фер избори во 2024 под надзор на меѓународни набљудувачи“.

Меѓутоа, санкциите без повторно воведени во април откако САД тврдеа дека Мадуро не се придржувал до „демократските принципи“, додека владата на Венецуела го обвини Вашингтон за кршење на Катарскиот договор.

Претседателските избори во Венецуела се закажани за 28 јули, а Мадуро се бори за трет последователен шестгодишен мандат на чело на државата. Главен противкандидат му е Едмундо Гонзалес Урутија.

Актуелниот лидер предупреди на можност од насилно грабање на власта бидејќи неговите предизвикувачи, вклучувајќи го Урутија, не го потпишале договорот за признавање на резултатите од претстојните избори.

Каракас е под американски санкции повеќе од 15 години. Вашингтон одбива да го признае Мадуро за шеф на земјата по изборите во 2018 година и наместо тоа го прогласи шефот на парламентот Хуан Гуаидо за привремен лидер на земјата.

Сиот имот на Венецуела во САД е замрзнат и забрането е какво било работење со американски граѓани и компании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ