вторник, 22 октомври 2024

Лукашенко вели дека не би се двоумел да употреби руско нуклеарно оружје

Објавено на

часот

Сподели

Претходно оваа година, рускиот претседател Владимир Путин ги објави плановите за распоредување на нуклеарно оружје со краток дострел во соседна Белорусија, сојузничка на Москва, потег што се смета за предупредување до Западот поради неговата сѐ поголема воена поддршка за Украина.

Путин нагласи дека Русија ќе ја задржи контролата над оружјето, но изјавата на Лукашенко го вели спротивното, пренесува АП.

„Не дај Боже денеска да морам да донесам одлука за употреба на тоа оружје, но нема да има двоумење ако се соочиме со агресија“, рече Лукашенко, пренесе белоруската државна агенција БелТА.

Руските власти веднаш не ги коментираа изјавите на Лукашенко.

Лукашенко нагласи дека побарал од Путин да распореди руско нуклеарно оружје во Белорусија и додаде дека овој чекор е неопходен за да се запре потенцијалната агресија.

„Верувам дека никој не би сакал да се бори против земја која го има ова оружје. Тоа е оружје за одвраќање“, рече Лукашенко.

На средбата со Лукашенко во петокот, Путин рече дека работите за изградба на објект за нуклеарно оружје ќе биде завршена до 7-8 јули и дека наскоро потоа ќе биде преместено на територијата на Белорусија.

Тактичкото нуклеарно оружје е наменето за уништување на непријателски трупи и оружје на бојното поле. Има релативно мал дострел, многу помал од нуклеарните боеви глави вградени во интерконтинентални балистички ракети способни да уништат цели градови.

Лукашенко рече дека на Белорусија не ѝ треба распоредување на руско стратешко нуклеарно оружје бидејќи нема намера да се бори против Америка. Тој, сепак, додаде дека Белорусија исто така подготвува капацитети за интерконтинентални нуклеарни ракети, за секој случај.

Заедно со Украина и Казахстан, во Белорусија беше сместен значителен дел од советскиот нуклеарен арсенал, но по распадот на СССР, беше повлечен во Русија според договор спонзориран од САД.

Русија не соопшти колку од нејзиното тактичко нуклеарно оружје ќе биде испратено во Белорусија. Американската влада верува дека Русија има околу 2.000 тактичко нуклеарно оружје, кое вклучува бомби што можат да се носат со авиони, боеви глави за ракети со краток дострел и артилериски куршуми.

На 24 февруари 2022 година, Русија ја искористи територијата на Белорусија за да испрати свои војници во Украина и ги задржа силите и оружјето на територијата на својата сојузничка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ