вторник, 22 октомври 2024

Лукашенко: Украина и Русија се во пат-позиција, никој не може да ја зајакне својата положба

Русија и Украина на воените боишта се во пат-позиција и двете страни треба да седнат на преговарачка маса и да се договорат за крај на конфликтот, изјави викендов белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Објавено на

часот

Сподели

„Има доволно проблеми на двете страни и, општо земено, имаме сериозна пат-позиција: никој не може да направи ништо и значително да ја зајакне својата положба. Тие се соочени во рововите, до смрт. Луѓето умираат“, рече Лукашенко.

Руските сили не се откажуваат од нападот на уништениот град Авдијивка во Доњецк и покрај големите загуби, соопшти Белата куќа, но линијата на фронтот во Украина изминатата година речиси и не се помести, и покрај макотрпната повеќемесечна офанзива на Киев.

Лукашенко повтори дека барањата на Украина кон Русија, да ја напушти нејзината територија, мора да се решат на преговарачка маса, „за повеќе да не се умира“. Според него, не се потребни предуслови, главната работа е да се издаде наредба за прекин на борбите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата повтори дека неговиот план од десет точки, кој вклучува враќање на територијалниот интегритет на Украина, е единствениот начин да се запре војната предизвикана од руската инвазија во февруари 2022 година.

Мировниот план на Зеленски бара Русија да ги повлече сите свои сили надвор од меѓународно признаената граница на Украина. Но Русија, која во септември 2022 година најави анексија на четири украински региони, Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје и Крим во 2014 година, го одбива секое решение што би вклучувало напуштање на територијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ