петок, 25 октомври 2024

Лукашенко: Сакаат да нè вовлечат во војната… Светот ќе се тресе

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека „Западот едноставно едвај чека да ја вовлече Белорусија во воените судири“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој денес во Минск се сретна со претседателот на Државната дума, сојузното собрание на Руската Федерација Вјачеслав Володин, а во текот на состанокот зборувал за прашања од билатералната соработка и ситуацијата околу Белорусија, пренесува белоруската новинска агенција Бета.

„Постојат многу прашања. И постојат вообичаените прашања кои мораме да ги решиме. Мислам дека сте запознаен и гледате што се случува околу Белорусија. Тие едвај чекаат да нè вовлечат во судирите. За да нè рашират долж оваа граница, да го оневозможат нашиот отпор и да ги ескалираат нештата до степен од кој сиот свет ќе се тресе. Многу сериозна ситуација. Под ниедни услови не смееме да се опуштаме“, кажа шефот на белоруската држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ