понеделник, 21 октомври 2024

Лукашенко: Преносот на нуклеарно оружје во Белорусија започна

Објавено на

часот

Сподели

„Пренесувањето на нуклеарното оружје започна, тоа е веќе во тек“, рече Лукашенко како одговор на руски новинар, во видео споделено на официјалниот канал на Телеграм на белоруското претседателство.

Лукашенко, кој денеска е во Москва на меѓународна средба, не откри дали нуклеарното оружје е веќе во Белорусија. „Можно е, ќе се вратам и ќе видам“, рече тој. Тој додаде дека Путин му кажал ден претходно дека потпишал указ со кој се овозможува трансферот.

На 25 март Путин објави дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, земја на границата на Европската унија.

Опозициската белоруска политичарка во егзил Светлана Тихановскаја денеска го оцени ова како закана за целиот континент. „Ова не само што ги загрозува животите на Белорусите, туку создава нова закана за Украина и за цела Европа“, напиша таа на Твитер.

„Кога станува збор за тактичките нуклеарни бомби, повеќето од нив се со сила како онаа што во Хирошима уби 140.000 луѓе“, додаде таа.

Тактичкото нуклеарно оружје може да предизвика огромна штета, но неговиот опсег на уништување е поограничен од радиусот на „стратешкото“ нуклеарно оружје, пишува агенцијата Франс прес.

Белорусија не е директно вклучена во конфликтот во Украина, но ѝ дозволи на Русија да изврши напад од нејзина територија во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ