вторник, 23 јули 2024

Лукашенко: Направивме само една грешка во случајот со Украина

Објавено на

часот

Сподели

Русија во 2014 година го нападна и анектираше Крим, додека борците поддржани од Кремљ окупираа дел од територијата во источна Украина.

Коментарите на Лукашенко, кои според Минск, беа дадени во четвртокот за време на состанокот со шефовите на безбедносните агенции на Комонвелтот на независни држави, кој го сочинуваат поранешни советски земји, укажуваат на тоа дека Лукашенко целосно ја прифатил својата трансформација во марионета на рускиот претседател Владимир Путин, пишува Политико.

Односот на Лукашенко со Путин помина низ различни фази. Меѓутоа, откако Кремљ му помогна на Лукашенко да го реши проблемот со масовните улични протести по претседателските избори во 2020 година, белорускиот претседател му вети апсолутна лојалност на Путин.

Белорусија ѝ помогна на Москва да ја започне својата целосна инвазија на Украина во февруари минатата година, а подоцна се согласи да прими руско нуклеарно оружје на своја територија. Лукашенко тврди дека знаел дека Русите ќе извршат инвазија. „Ако војната не почнеше минатата година, ќе почнеше утре, но со полоши услови за Русија и Белорусија“, додаде тој.

„Единствената грешка што веројатно ја направивме беше тоа што не го решивме ова прашање во 2014-2015 година, кога Украина немаше војска. Сакавме да го решиме по мирен пат. Сепак, тие го искористија ова време за развој на вооружени сили подготвени за борба“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ