четврток, 25 јули 2024

Луѓето кои доцнат полесно минуваат во животот

Објавено на

часот

Сподели

Професорот по психологија при Универзитетот во Сан Диего, САД, Џеф Конте направи истражување на оваа тема. Испитани се два типа личност – Тип А (нетрпелив и конкурентен) и Тип Б (креативен и опуштен). Ги класифицирал луѓето склони кон доцнење како Тип Б.

Задачата на испитаниците од двете групи била – без часовник да се обидат да погодат точно колку време минало. Одговорот на луѓето од групата А кажале 58 секунди, а на групата Б – 77 секунди. Тој вели, тоа докажало дека луѓето кои постојано доцнат навистина поинаку го гледаат времето, односно немаат соодветно чувство за текот на времето.

Но, наспроти очекувањата, сѐ тоа не ги прави пофрустрирани и понервозни од Типот А.

Напротив. Овие луѓе не се лутат и кога другите доцнат, бидејќи ја гледаат „пошироката слика“. Покрај тоа, тие се поспонтани, не се грижат за работи на коишто не можат да влијаат, на пр., тоа што автобусот доцни, па така шират позитивна енергија околу себе, која е пријатна и за другите, според стручњаците. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ