понеделник, 21 октомври 2024

Лондон започнува кампања во која апелира до Албанците да не мигрираат во Велика Британија

Објавено на

часот

Сподели

Рекламите, кои ќе бидат објавени на албански јазик на Фејсбук и Инстаграм, ќе предупредат дека луѓето во случај на обид за миграција „ќе се соочат со притвор и депортација“.

Владата во Лондон најави дека кампањата ќе започне следната недела и дека „ќе ги објаснува опасностите“ што ги чекаат мигрантите кои пристигнуваат со мали чамци.

Лабуристите рекоа дека овој потег „не е за верување“, а системот за азил е „во хаос“.

Според Министерството за внатрешни работи, Албанија е „безбедна и просперитетна земја“ и многу државјани „патуваат низ повеќе земји за да стасаат до ОК“, а потоа поднесуваат „барања за азил по лажни основи“.

Министерот за имиграција Роберт Џенрик рече дека кампањата „ќе работи проактивно на самиот извор уште пред луѓето да тргнат на опасни и непотребни патувања“.

Албанците најмногу аплицирале за азил во Британија и до март годинава 13.714 државјани на Албанија побарале да останат на островот.

Помеѓу јануари и март, 1% од пристигнувањата со мали чамци биле од Албанија.

Џенрик рече: „Ние сме решени да ги запреме чамците. А кампањата, која ќе биде лансирана во Албанија оваа недела, е само една компонента од работата на Министерството за внатрешни работи за да помогне да се отфрлат митовите за нелегално патување во ОК, да се објасни реалноста и да се бориме против лагите кои ги продаваат злите шверцери кои профитираат од оваа гнасна трговија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ