сабота, 19 октомври 2024

Локализиран e пожарот кај Соње и Сопиште

Пожарот меѓу селата Долно Соње и Добри Дол во општина Сопиште е локализиран. Во неговото гаснење биле вклучени три „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи. 

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираа дека двата хеликоптери исфрлиле над 13 тони вода на местото на пожарот.

с

„Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар меѓу селата Долно Соње и Добри Дол во општина Сопиште, ги упати двата хеликоптера Бел-412 и Бел-212 во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица. Во пожарот кој беше пријавен околу 13:50 часот, а настана на м.в Блатоица, беше опожарена нискостеблеста и високостеблеста шума на површина од околу 20 хектари, веќе е локализиран, а двата полициски хеликоптери при гаснењето исфрлија над 13 тони вода и помогнаа во неговото локализирање“, велат од МВР.

с

Претходно, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во изјава за медиумите информираше дека пожарот бил сопрен непосредно пред неколкутте викенд куќи и дека чадот бил видлив од поголем дел од градот поради што имале повеќе повици на бројот 112. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ