Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град. Температурата ќе се искачи до 31 степен.