сабота, 30 ноември 2024

Лога: Наскоро ќе се знае кој македонски обвинител ќе биде обвинител за врски во Европравда во Хаг

Објавено на

часот

Сподели

Во своето обраќање, министерот Лога рече дека од исклучително значење за поефикасно справување со случаите на прекуграничен криминал е заложбата на Европравда дополнително да се ангажира со партнерите од Западен Балкан во насока на јакнење на капацитетите на државите во справување со прекуграничниот криминал, преку обезбедување на оперативна и техничка помош и поддршка и поедноставување на спроведувањето на заеднички истраги.  

 ,,Исклучително важен сегмент од нашата стратешка соработка и партнерство претставува и обвинителот за врски од Северна Македонија во Европравда и оттука сакам да ја потенцирам и очигледната улога и активното учество во постигнување на досегашните резултати на актуелниот обвинител за врски, Ленче Ристоска. Оттука идејата за подигнување на нивото на соработка и назначување на постојан обвинител за врски е взаемна и ја има мојата целосна поддршка. Ова особено заради тоа што сметам дека поставувањето на јавен обвинител за врски со постојан престој во Хаг ќе придонесе за видливо подобрување на резултатите во гонење на прекуграничен криминал но и за градење на националните капацитети”, потенцира Лога.

Како што соопшти Министерство за правда,Лога изразил  уверување дека од страна на Јавното обвинителство во најскоро време ќе бидат завршени потребните процедури за донесување на одлука за огласот за пријавување кандидати за јавен обвинител за врски од Македонија во Европравда кој сѐ уште е во тек и дека се очекува наскоро од страна на Јавниот обвинител да има известување за избраниот кандидат. 

Министерот Лога информирал дека е донесен и Правилник за начинот на соработката помеѓу Јавното обвинителство и Министерството за правда со Европравда.

„Поагајќи од потребата за овозможување поголема ефективност и ефикасност во работењето беше подготвен текстот на Правилникот со кој во најголем дел е уредена меѓуинституционалната координација и координацијата со обвинителот за врска“, порача министерот Лога од Хаг. 

Од министерството за правда уште информираа дека  првиот човек на Европравда, Хамран го истакнал задоволството од присуството на министерот Лога на конференцијата со која се означува почетокот на проектот за Западен Балкан и неговата заложба за исполнување на обврските, што ќе придонесат за искористување на поддршката која ја нуди Европравда од аспект на упатување на обвинител за врска од Македонија во Хаг што ќе доведе до “видливо зголемување на резултатите во справувањето со прекуграничниот криминал, имајќи ги предвид позитивните искуства во регионот како и градење на националните капацитети“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ