„Почитувани членови и симпатизери, сакам да ве известам и да ве уверувам дека канцелариите на Алијансата за Албанците се за сите нејзини членови. Денес можеме да имаме недоразбирања и несогласувања, но воопшто не треба да се одалечиме еден од друг од нашата заедничка куќа. Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистинскиот пат, повикуваме на самолонтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни така и тажни. Заради тоа апелираме и да ни се разделат нашите патишта, ова да го направиме како цивилизирани луѓе и семејни луѓе.
Го осудуваме секој ваков чин на насилство од кого било, исто како што денеска го осудуваме кукавичкиот чин врз нашиот сопартиец Арбен Таравари. Насилството не е решение. Нека полициските органи го обелоденат случајот и виновниците да се изведат пред лицето на правдата. Многупати сме биле заедно. тоа што ни треба зе да си го одржиме достоинството пред членовите на нашите семејствота“, напиша Лога.
Поранешниот партиски лидер и актуелен претседател на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа, по прес-конференцијата што ја одржа, објави фотографија со голем број членови во партиското седиште и напиша дека со него се потпретседатели, секретари, претседатели на партиски ограноци и верни членови и порача дека партијата не е на продажба.
Поранешниот лидер Села ја сподели објавата на Лога, без коментар, но со следнава фотографија:
Села е на ставот партијата на изборите да оди самостојно, каква што е последната одлука на Централното собрание, а за сабота на истата тема закажа состанок на собранието. Смета дека само таму може да се донесе таква одлука.