петок, 29 ноември 2024

Лога ѝ пиша на меѓународната заедница дека Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП

Објавено на

часот

Сподели

Во дописот, што е испратен заедно со 14-те пресуди, информираа од Министерството за правда, посочено е дека се бара поддршка од меѓународната заедница во делот на унапредувањето и заштитата на човековите права.

„Исполнувањето на оваа цел подразбира постоење на континуирана заложба и за доследно почитување на меѓународните обврски кои Република Северна Македонија ги има превземено како земја која моментално е во процесот на евроинтеграции.Почитувањето на меѓународни документи е исклучително важен сегмент за кој особено земјите членки на ЕУ, но и земјите кои претендираат да добијат членство во ЕУ е неопходно да се залагаат“, пишува во соопштението од министерството за правда.

Меѓународната заедница, се посочува, претставува исклучително важен партнер на Македонија, кој е вклучен во сите реформски процеси и партнер кој несомнено цврсто и доследно се залага за почитување на владеењето на правото. 

„Оттука, Министерството за правда смета дека е од особена важност да се актуелизира прашањето за неспроведувањето на пресуди на ЕСЧП , истакнувајќи ја потребата од поддршка од меѓународната заедница за доследно спроведување на пресудите на судот“, се вели во соопштението од министерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ