вторник, 22 октомври 2024
Премиерлига

Ливерпул со пресврт до победа против Кристал Палас, Салах го постигна голот број 200 (ВИДЕО)

Ливерпул се искачи на врвот на табелата во Премиерлигата откако попладнево со пресврт стигнаа до триумф од 1-2 на гостувањето кај Кристал Палас, Мохамед Салах го постигна голот број 200 во црвениот дрес.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот натпревар од 16. коло во Премиерлигата, Ливерпул ја доби пресметката против Кристал Палас на „Селхрст Парк“.

Откако првото полувреме мина без голови, резултатот беше отворен во 57. минута, со помош на ВАР беше досуден пенал за домаќините, а Матета од белата точка релизираше за 1-0.

Но работите за „орлите“ тргнаа низ брдо откако Ају во 75. минута заработи втор жолт картон и беше исклучен, а веќе во следниот напад Мохамед Салах изедначи на 1-1, за Египјанецот ова беше голот број 200 во дресот на „црвените“.

Избраниците на Јирген Клоп пресвртот го комплетираа во 91. минута, кога Елиот доби малку повеќе простор и прекрасно биеше од работ на шеснаесетникот за 1-2.

Со овие три бода, Ливерпул се искачи на врвот на табелата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ