вторник, 23 јули 2024
Црвените си купија Светски шампион за 35 милиони фунти

Ливерпул го комплетираше трансферот на Мекалистер

Објавено на

часот

Сподели

Според англиските медиуми, сумата која Ливерпул ја плати за да го добие Мекалистер е 35 милиони фунти, толку изнесувала откупната клаузула на фудбалерот.

„Ливерпул постигна договор за трансфер на Алексис Мекалистер кој потпиша долгогодишен договор“, стои во соопштението.

24-годишниот фудбалер е прво засилување за Ливерпул во летниот преоден рок.

„Се чувствувам неверојатно. Ова е остварување на сонот, неверојатно е да се тука, не можам да дочекам да почнам“, рече Мекалистер по потпишувањето на договорот.

„Ова беше фантастична година за мене, Светско првенство, тоа што го остваривме со Брајтон, но сега е време да размислувам на Ливерпул и секој ден да бидам се подобар фудбалер и подобар човек“.

Тој пред шест месеци со репрезентацијата на Аргентина стана Светски шампион.

Мекалистер во Ливерпул ќе го носи бројот 10.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ