сабота, 13 јули 2024

Лимани планира средба со синдикатите, Меџити вети и нови линеарни зголемувања на пензиите

На средба со чаирските пензионери првиот вицепермиер Изет Меџити вети деа Владата ќе се погрижи да има и нови линеарни покачувања на пензиите, а министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани најави средба со синдикатите на која ќе се разговара за наоѓање решение по однос на минималата плата.

Објавено на

часот

Сподели

Меџити ги информираше пензионерите од Здружението на пензионери на Чаир за процедурата околу исплаќањето на средствата од линеарното покачување на пензиите во вредност од пет илјади денари.

„На 28 јуни на владина седница одлучивме да ги зголемиме пензиите за 5.000 денари. Првата фаза од 2.500 денари ќе започне од септември оваа година, додека втората фаза плус 2.500 денари од март следната година. На предизборен состанок ние како Вреди им ветивме на пензионерите дека нема да ги заборавиме. Во првите две недели од Владата веднаш ги исполнивме нашите ветувања. Но, тоа не е сѐ. Во блиска иднина ние ќе бидеме посветени линеарно да ги зголемиме уште повеќе пензиите бидејќи пензионерите го заслужуваат тоа. Граѓаните ни веруваат со гласови, ние ќе одговориме со работа. Гарантираме дека оваа Влада ќе ги третира граѓаните достоинствено и ќе им обезбеди подобра иднина што претходната влада скоро ништо не направи во овој поглед“, рече Меџити.

Одговарајќи на новинарско прашање кога се очекува да има ново линеарно покачување на пензиите, тој истакна дека во иднина ќе следуваат други нови фази на зголемување.

„Уште во првата недела од владеењето, ова Влада ги зголеми пензиите на пет илјади денари. Не зборуваме за 9.00 денари, туку за пет илјади денари и ги кажав датумите на првата и втората фаза и ќе продолжиме со другите нови фази, рече Меџити.

На новинарско прашање дали со синдикатите ќе седне да разговара за нивното барање за покачување на минималната плата на 450 евра, министерот Лимани истакна дека се во контакт и планираат да седнат заедно за да видат какви се реалните можности.

„Во контакт сме. Планираме да седнеме заедно, да видиме каква е реално ситуацијата. Знаеме дека претходната влада искористила или злоупотребила буџет од околу 60 до 80 отсто од буџетот на нашето министерство, со кое го доведе во прашање и редовните плати да се исплатат, но за ова дополнително ќе ве информираме“, рече Лимани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ