вторник, 22 октомври 2024

Либанските власти издадоа наредба за евакуација

Либанските власти денеска издадоа превентивни упатства за евакуација на меѓународниот аеродром во Бејрут и околните објекти во случај на вонредна состојба. 

Објавено на

часот

Сподели

Упатствата беа издадени по зголемувањето на тензиите на либанско-израелската граница.

Инструкциите за меѓународниот аеродром Рафик Харири во Бејрут, кој се наоѓа на јужната периферија на главниот град, не укажуваат на каква било итна ескалација на границата, пренесува Ројтерс.

Во јужниот дел на Либан има секојдневна, но релативно ограничена размена на оган меѓу Израел и припадниците на либанската милитантна исламистичка организација Хезболах, наведува британската агенција.

Директивата беше издадена откако израелската армија ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа во текот на ноќта.

Пистата на аеродромот во Бејрут била погодена од израелски воздушни напади во 2006 година, поради што била затворена.

Нападот бил дел од одмаздата откако Хезболах заробил двајца израелски војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ