сабота, 19 октомври 2024

Либанскиот амбасадор во Британија: Израел ја отвори Пандорината кутија

„Израел го избра патот на ескалација во многу нестабилен и опасен регион. Ја отвори Пандорината кутија“, изјави за Би-би-си либанскиот амбасадор во Велика Британија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи на денешната програма на Би-би-си Радио 4, Рами Мортада рече дека „Либан сака дипломатско решение“, но дека „жешките глави во Израел избраа поинаков пат“. На прашањето дали либанската влада во доволна мера го осудила Хезболах за истрелувањето ракети врз Израел, Мортада рече: „Го осудувам секој чин на насилство, но Хезболах не изврши насилство“.

Наместо тоа, тој тврди дека вооружената група „гаѓаше исклучиво воени цели“.

„Насилството раѓа насилство и кога провоцирате некого, би очекувале тој да се одмазди“, рече тој.

Повторувајќи ги своите повици за дипломатско решение, тој рече: „Мораме да го запреме овој масакр во Газа, да го запреме овој масакр во Либан и да бараме дипломатско решение“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ