петок, 18 октомври 2024

Левица пред Уставниот суд ја оспори националноста во изводите

Објавено на

часот

Сподели

Покрај барањето за комплетно поништување на измените на Упатството, Левица побара и изрекување времена мерка односно донесување на привремено решение за запирање на извршувањето на акти или дејствија преземени врз основа на оспорениот подзаконски акт поради кој во пракса би можеле да настанат тешко отстранливи и штетни последици.

Со воведувањето на националност како графа во изводот, се постапува спротивно на темелните вредност на Уставот, на одредбите од Законот за заштита на лични податоци и Законот за матична евиденција, нагласуваат од партијата и додаваат дека, дополнително, ова упатство значи отворена врата за автоасимилирање на две нивоа: прво – постои опасност помалите етнички заедници постепено да се претопат во двете актуелно доминантни; и второ – постои реална опасност, македонското население да се „бугаризира“ за само 250 денари колку што чини таксата за вадење извод, односно декларирањето Бугарин во матично да биде основ за полесно вадење бугарски пасоши.

„Потенцираме дека личното чувство на граѓанинот не може да се докажува со јавна исправа т.е. со документ издаден од државен орган. Не постои никаква гаранција дека оспорените измени на Упатството ќе ја подобрат меѓуетничката кохезија во едно мултиконфесионално и мултиетничко општество какво што е нашето“, нагласуваат од партијата и додаваат дека Левица како политичка партија е „единствен коректив на оваа Влада која секојдневно настојува преку секакви акти, постапки и процедури да го поттикне процесот на демакедонизација на Македонците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ