петок, 18 октомври 2024

Левица бара времено да се забрани етничкото изјаснување во документите за родени, венчани и умрени

Објавено на

часот

Сподели

„Никаде во светот личното чувство на граѓаните не се докажува со јавна исправа издадена од државен орган! Овие одредби, кои го инспирираа носењето на контроверзното Упатство за водење на матичните книги од страна на балистичкиот министер Кренар Лога – го подриваат граѓанскиот идентитет за сметка на етничкиот, што е спротивно на добрите европски практики, бидејќи ниту една држава во Европа и во цивилизираниот свет нема воспоставено ваква расистичка, шовинистичка, ксенофобична и заостаната практика. Веродостојноста на националната/етничка припадност, по природа на нештата, е емпириски непроверлив податок – токму затоа што кај нас, како и во сиот цивилизиран свет, не е предвидена никаква претходна правна постапка за утврдување на националноста, односно етничката припадност на граѓаните, првенствено заради фактот дека станува збор за внатрешно чувство за припадност на одредена заедница“, велат од Левица.

Ваквиот став, од Левица го темелат врз меѓународно-правна компаративна анализа која според партијата, покажува дека ваква графа е сесема непознат феномен во современите развиени општества. Попрецизно, од околу 200 држави во светот, само три држави во Африка, две во Азија и две во Латинска Америка имаат некаква си присутност на етничка, расна или верска декларација во јавна исправа – и тоа најчесто опционална, а не облигаторна.

„Тоа значи дека огромното мнозинство од 99 отсто од државите во светот признати од Обединетите Нации (ОН) немаат вакво нешто! Преку наложувањето задолжителна групна идентификација во личен документ издаден од јавната власт, граѓанинот станува повеќе подложен на колективно профилирање, стереотипизација, гетоизација и етничка сегрегација – кое, во време на криза, може да резултира со таргетирање, затворање, депортација, па дури и протерувања, погроми и геноцид. ЕУ оди и чекор понатаму и изречно го забранува барањето податоци за етничко или расно потекло на личноста! Ваквиот непотребен податок за етничко потекло е изречно и стого забранет согласно членот 9 од Регулативата за генерална заштита на податоците, која е дел од нашето национално законодавство, преку Законот за заштита на личните податоци“, велат од Левица.

Од Левица очекуваат и бараат, Уставниот суд не само да поведе постапка за оценка на уставноста на законот и да ја спои со постапката за претходно оспореното министерско Упатство, туку и да донесе итна времена мерка, решение за запирање на извршувањето на акти или дејствија преземени врз основа на оспорениот закон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ