недела, 24 ноември 2024

Левица: Врховистичка е политиката на ВМРО-ДПМНЕ и продолжена рака на СДС

„Врховистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ излегува на површина. Ваков чекор е сосема очекуван од политички лидер којшто се повикува на Ванчо Михајлов. Под маневарот на некакво репреговарање, ДПМНЕ продолжува да функционира како продолжена рака на СДС по однос на националните прашања и ги остава во живот преговорите за историска ревизија“, смета Левица.

Фото: Илустрација - Левица

Објавено на

часот

Сподели

„Како единствена анти-фашистичка опција, Левица е децидна – историската комисија не треба да биде предмет на „реформи“ и „нови лица“, туку итно и целосно укината! Менувањето на македонската историја од страна на трета земја е грубо вмешување во внатрешните работи и нарушување на суверенитетот на државата. Едноставно, Македонија не може и не смее да биде потчинета на бугарските националистички барања!

Прифаќањето на францускиот предлог и подготвеноста на ДПМНЕ за продолжување на преговори со Бугарија е уште еден чекор кон разнебитување на македонскиот идентитет! Козметичките, промени во историската комисија, најавени од врхушката на власт, нема да ги заштитат државните и национални интереси.

Оттука, наместо продолжување на политиката на СДС, ја повикуваме Владата храбро да се спротивстави на секоја форма на предавство и ги раскине штетните договори со кои и сама не се согласува, во спротивно, станува соучесник во деградацијата на Македонија“, пишува во реакцијата на Левица.

Партијата наведува дека се виде оти нема ништо и дека повеќе не се споменува  репреговарање на Договорот за добрососедство со Бугарија, ниту отфралење на т.н. француски предлог.

„Но затоа, наместо укинување, Христијан Мицкоски најави нови лица во историската комисија, која во ролја на полиција на мислата, спроведува бугаризација на Македонија! Откако Преспанскиот договор стана реалност за новата Влада, најавено е ново изневерување за македонскиот народ, што со денови протестираше против Договорот со Бугарија и Францускиот предлог“, велат од Левица.

 

Македонија!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ