недела, 24 ноември 2024

Левица: Во Куманово набавен спортски семафор поскап и од тие на НБА, ќе има одговорност од градоначалникот

Максим Димитриевски набавил за спортската сала во Куманово семафор во вредност од 10 милиони денари, а за споредба, во просек еден семафор во НБА лигата чини 20 илјади американски долари или околу 1,1 милиони денари, наведува Левица во својатга реакција и додава дека ќе има одговорност за градоначалникот.

Фото: Википедија Дандамкд

Објавено на

часот

Сподели

Целиот предмет на набавката е „За Спортска сала: браварија, надворешни скали, осветлување, партерно уредување, набавка и на семафор висечки четворостран мултифункционален и друго“, договорот е склучен на 21.05.2024, во вредност од 69.885.289,88 денари или милион и 145 илјади евра, од кои 10 милиони денари се само за семафорот, наведува партијата во соопштението.

„Како граѓани од чии даноци се трошат тие пари се прашуваме дали воопшто постои некој разумен во владејачката гарнитура кој може да оправда вакви разлики во стандардната цена на семафор во НБА и на семафор во спортската сала во Куманово?

Спортската сала во 1979-та година била почната со градење, веќе во 1980-та била завршена и е градба која следната 1981 година ја добила Големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС). И затоа како граѓани сме револтирани што сега спортот во Куманово е пред прагот на умирање бидејќи сегашните власти веќе со години не се способни да ја санираат истата!

По завршување на распашаниот мандат на Димитриевски идната година, Левица заедно со народот ќе направи ревизија на трошењето на народни пари и со сигурност ќе има одговорност.

Левицаго повикува обвинителството да ја провери јавната набавка, а Мицкоски ако бара вистински криминал лесно ќе го најде во Општина Куманово“, се вели во реакцијата на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ