„Во 2022 година од страна на МОН и БРО беше одобрен Букварот на албански јазик. Станува збор за заеднички буквар на Албанија и Косово, изготвен од тимот автори: Мимоза Ѓокутај, Саранда Кумнова, Насер Забели и Тереза Бабасули, од кои двајца се од Косово, двајца од Албанија, а ниту еден од Македонија, што е и логично, бидејќи букварот е резултат на соработката меѓу министерствата за образование на Албанија и Министерството за образование на Косово.
Тоа што не беше јасно тогаш – како и зошто се случил преседан да се преземе странски учебник во редовна настава која мора да биде унифицирана за сите ученици во државата, без оглед на наставниот јазик, не е одговорено ниту денес, кога спорниот учебник е веќе пуштен во употреба, како што се пофали министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој им го дистрибуирал Букварот на албански јазик на првоодделенците во ОУ ‘Лирија’ во општина Чаир“, се вели во реакцијата на партијата Левица.