петок, 25 октомври 2024

Левица: И ова лето државата нема ниту пожарникари, ниту опрема, а ни пилоти за канадерите

Македонија и ова лето сe соочува со недоволен број на пожарникари, застарени противпожарни возила, неупотреблива техника за справување со пожари и без пилоти за канадерите, реагираат од Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Во време на високи температури и метеоролошки предупредување за исклучително топло и суво лето, опасноста од појава на пожари во македонските шуми и планини е огромна. Дополнителен застрашувачки проблем што се наметнува кон овие скромни ресурси за борба против пожари е недостатокот на пилоти за трите канадери кои беа на одржување во Шпанија. Од тројцата пилоти за канадерите, останат е само еден, а според правилата за ЦВП, со еден пилот не може да се добие дозвола за летање. Заштитата на граѓаните од пожари која треба да ја обезбеди државата е на исклучително ниско ниво! Просечната старост на сегашната опрема изнесува 35.6 години, што е доказ дека во заедничкото владеење на ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ изминативе повеќе од триесет години, воопшто не е вложено во оваа сфера“, реагираат од Левица.

Од партијата бараат итно да се преземат превентивни мерки против појава на пожари.

„Дополнително бараме итно обновување на севкупната опрема потребна на противпожарните служби и исполнување на потребните минимумални стандарди, како и надоместување на неопходниот број на пожарникари, со цел постигнување на целосна оперативна подготвеност и територијална покриеност“, се додава во партиското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ