На средбата станало збор за историските врски помеѓу Македонија и Куба во Движењето на Неврзаните, сегашните потешкотии со кои се соочуваме и можноста за идна соработка, информираат од Левица.
„Амбасодорката Хордан и нејзината придружба информираа за овогодишното поднесување на Резолуцијата во Обединетите Нации за подигање на нечовечкото ембарго наметнато од САД, кон крајот на октомври и за меѓународната иницијатива за декларација за симнување на Република Куба од американската листа на ‘држави кои поддржуваат тероризам’. Пратениците на Левица ќе се приклучат кон оваа резолуција.
Пратеникот Апасиев ја истакна солидарноста помеѓу нашите држави во минатото и повторно ја нагласи насилната промена на уставното име против волјата на народот за влез во НАТО, како и ембаргото од 90-те години од нашиот јужен сосед – две ситуации со кои се соочила Република Македонија, а низ кои ни се отсликува и борбеноста на Република Куба која со децении е под блокади од својот сосед и под империјалистички притисок кој го потиснува кубанскиот интерес“, се вели во соопштението од Левица.