вторник, 22 октомври 2024

Левица: Да се најдат сторителите на палењето на знамето, а политичари Албанци да го осудат овој чин

„Знамето на Република Македонија – запалено од страна на необалистичките структури во државава и истото оштетено виси над месна заедница во Куманово. Под изгореното македонски знаме и низ целиот објект на Месната заедница, со спреј е исцртано албанското знаме, како и симболот на терористичката УЧК“, реагира Левица на веста дека е запалено државното знаме за што денеска информира и МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова претставува последното во долгата низа еклатантни непочитувања на македонското знаме, како и на останатите државни инсигнии, кое е предводено од страна на лидерите на коалиционите партнери на СДСМ и ДПМНЕ, необалистичката коалиција Вреди и терористичката ДУИ, чии политичари меѓу себе се натпреваруваат во ширење на омраза, национализам, промоција на балистички и великодржавни идеи, кои создаваат и разгоруваат етнички мотивирани тензии“, наведува Левица и додава дека тоа е резултат на „промоцијата балистички и великодржавни идеи од одредени политичари, како и несанкционирањето за антидржавната политика која отворено се заговара“.

Левица апелира сторителите да бидат пронајдени и појаснува дека согласно на член 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната и член 178 од Кривичниот законик, намерното кинење, палење, газење или на било кој начин сквернавење на македонското знаме (и останатите инсигнии) претставува кривично дело казниво со парична глоба.

Партијата Левица додава во својата реакција дека претходно се отвори нелегален музеј во Општина Куманово, како и неколку споменици на УЧК во различни општини, кои се толерираат од локалните, но и од централната власт.

„Паралелно со ова, сведочиме на промена на имиња на улици и институции, кои се преименуваат по прокламирани фашисти и балисти, додека истовремено сведочиме како спомениците на партизаните од Македонија, се уништуваат од вандали, додека државата умислено не презема ништо за нивна заштита“, се вели во соопштението.

Левица бара воведување на Државен инспекторат за инсигнии, кој ќе биде надлежен за контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти и потсетува дека таа заложба е наведена во партиската програма.

„Воедно ги повикуваме политичарите од т.н. албански етнички блок на партии, да го осудат настанот и лично се заложат за прекин со ваквите пракси, кои се резултат на нивните политички ставови и националистичка реторика“, порачува партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ