четврток, 25 јули 2024

Левица: 12-те ваташки СКОЈ-евци се примерот за непокорливата борба на Македонецот

Делегација на Левица положи цвеќе на паметникот на 12-те младинци, кои на денешен ден во 1943 година беа сурово стрелани од бугарскиот фашистички окупатор. „Безмалку еден век подоцна не стивнуваат болката и тагата од овој грозоморен чин, којшто во историјата е окарактеризиран како еден од најкрвавите и најбруталните злосторства извршени на нашите простори“, соопшти партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Дванаесетте ваташки СКОЈ-евци се пример за непокорливата борба на нашиот народ којашто и ден денес Македонецот ја води како кон надворешниот, така и кон домашниот непријател сѐ до негово конечно ослободување! Да не се повтори и да не се заборави! Слава им!“, се вели во соопштението на Левица.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ