Роберт Левендовски блесна на фудбалската сцена во дресот на Борусија Дортмунд, па во 2012 му се јавил Алекс Фергусон и го прашал дали сака да се пресели во Манчестер јунајтед.
„Кажав ДА за преселба во Манчестер јунајтед, тоа беше во 2012 година“ – откри Полјакот како гостин во емисијата на Рио Фердинанд.
„Разговарав и со Фергусон, кога го слушнав со шкотскиот акцент… бев како, „Дали може да повториш?“ и му кажав, „Да, да, сакам да се преселам во Манчестер јунајтед“.
Запрашан зошто не направил трансфер на Манчестер јунајтед, напаѓачот рече: „Клубовите најдобро знаат“.
„Паметам еден разговор со претседателот на Борусија Дортмунд. Ми рекоа дека сум им потребен, дека нема да ме продадат бидејќи сум премногу важен за тимот“.
„Но да, се согласив да му се придружам на Манчестер јунајтед. Знаете, кога ќе ви се јави Сер Алекс Фергусон, не можете да кажете НЕ“.
„Бев среќен во Борусија Дортмунд, но Кога Манчестер јунајтед ве бара, и тоа Манчестер јунајтед во својот врв, морате да кажете ДА“.
На ова, Рио Фердинанд одговори: „Леле каков тим ќе имавме човеку!“