петок, 19 јули 2024
Ја одби МИЛИЈАРДАТА од Саудиска Арабија

Лео Меси решил, ја продолжува кариерата во Интер Мајами

Објавено на

часот

Сподели

Интер Мајами е најблиску до потписот на Лео Меси, вакви информации пристигнаа попладнево од неколку извори.

Лео Меси и сопругата Антонела одлучиле дека Саудиска Арабија не е земјата во која сакаат да растат нивните деца, па Аргентинецот го одбил Ал Ахли и покрај тоа што можел да заработи МИЛИЈАРДА евра за две години.

Интер Мајами и Барселона се двете опции на маса за Лео Меси, но лошата финансиска состојба на „каталонците“ го прави тешко изводливо неговото враќање на Камп Ноу.

Извори од Камп Ноу за Мундо Депортиво брифираат дека враќање на Лео Меси е „многу комплицирано“ и дека Интер Мајами е во пол позиција за неговиот потпис.

Новинарот Жерард Ромеро пишува дека шансите Лео Меси повторно да го облече дресот на Барса се само 1%.

Трансфер експертот Гиљем Балаге пак вели дека Лео Меси донел одлука да се пресели во Интер Мајами.

Со слична приказна излезе и Мигел Рико, кој објави дека Лео Меси веќе ја известил Барселона дека нема да се врати и ќе се пресели во Интер Мајами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ