Петровиќ (76) со мерцедес Б180 возел во спротивен правец на обиколницата, па директно се судрил со шевролет авео, откако низа автомобили и камиони успеале да го избегнат, но не и Жељко Ковачевиќ (63).
По судирот, Петровиќ минал само со полесни повреди, а двајцата возачи немале алкохол во крвта, но легендарниот тренер сега се соочува со сериозна постапка против безбедноста во сообраќајот. Особено што полицијата се обидела да го запре, но според информациите Петровиќ дури и забрзал за да им избега на сообраќајците.
Петровиќ со Ц. звезда ја освои европската титула во 1991 година во тимот со двајца Македонци во тимот, Дарко Панчев и Илија Најдоски, а претходно со Војводина стана југословенски првак, што беше препорака да седне на кормилото на славниот српски клуб и да го донесе најголемиот фудбалски успех.
Видеото можете да го видите на овој ЛИНК.