недела, 2 февруари 2025

Лефков: Судијката која го спасила возачот убиец од затвор дозволила во нејзина куќа да има штаб на СДС

Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога. Ова се фотографии од куќа сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска Стојановска, во која е сместен штабот на СДС во Ранковце, изјави денеск пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков кој покажа неколку фотографии од куќата.

Објавено на

часот

Сподели

„Судијата Даниела Алексовска Стојановска која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДС, туку во нејзиниот дом го сместила и општинскиот штаб на СДС во Ранковце.

Близината на судијката Даниела Алексовска Стојановска со СДС се гледа не само по нејзините пресуди против ВМРО-ДПМНЕ, туку и по тоа што на истите им отстапила простор за партиски штаб.

Очигледна е симпатијата на судијката Алексовска Стојановска кон СДС, штом како судија се дрзнала да отстапи простор за партиски штаб во нејзиниот дом.

Ова се судиите на СДС, заради кои се потребни итни реформи во судството. Одговорност за слепите послушници на СДС во правосудството кои зацрнија цели семејства мора да има“, рече Лефков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ