недела, 24 ноември 2024

Лефков: Бисера Антоанета си купувала чорапи, куфери и мечиња со службена картичка

Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска со буџетски пари си купувала чорапи, хулахопки, куфери, мечиња…, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, кој денеска приложи и сметки за овој шопинг на поранешната министерка.

Објавено на

часот

Сподели

„Има сметка за купен куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти. Таа сметка е доставена лично од Бисера Антоанета до сметководството во Министерството за култура, а ова е нејзиниот потпис на истата. Бисера Антоанета куферите ги купила на 26 октомври 2023, и тоа се гледа од оваа сметка каде како купувач е запишана таа, и на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари. Одиме со следна сметка, од 219 фунти и поголемиот куфер Samsonite Upscape spiner, и на оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и на оваа сметка се гледа дека шопингот го правела на 26 октомври 2023 година“, рече Лефков.

Според него, поранешната министерка се правда со некакви изводи од плаќање од 25 октомври, еден ден претходно, а чии се тие сметки јавноста не ја интересира.

„Тема на интерес е тоа што Бисера Антоанета однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошените средства, а тоа се овие сметки со нејзин потпис. Одиме понатаму, има сметкаод Gift Galore London, од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football. Бисера Антоанета, на лагите ѝ се кратки нозете. Народот може да ги види сметките од твоето трошење со негови пари, сметки кои потоа си ги однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошеното“, рече Лефков.

Тој најави дека партијата утре ќе продолжи со објавување, како што рече, уште поскандалозни случаи од нејзиното раскошно живеење со државни средства и ресурси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ