Необичен момент се случи на мечот кој Денвер го доби со 119-108. Леброн Џејмс несакајќи го удри судијата и му пушти крв од устата по што мораше да интервенираат медицинските тимови пред мечот да продолжи.
Судијата Скот Фостер се пошегува и му рече на Леброн: „25 години чекаше за ова да ми го направиш“.
Леброн Џејмс има само две победи на 19 натпревари кога Скот Фостер му судел. Овој судија има 29-годишно искуство во НБА.