недела, 24 ноември 2024

Ле монд: Франција одлучи да го поддржи пристапувањето на Украина во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Пред годишниот самит на НАТО на 11 и 12 јули во Вилнус, „Франција во разговорите со сојузниците на Украина го фаворизира пристапот дека треба да се брани можноста Украина да влезе во НАТО, со цел да се влијае на конфликтот и да се доведат Москва и Киев до преговори“, пишува весникот.

Според Ле Монд, на Советот за одбрана на 12 јуни во Елисејската палата била разгледана можноста Украина да влезе во НАТО.

Француските власти веруваат дека тоа би било гаранција за безбедноста бидејќи тоа веројатно ќе ја обесхрабри Русија да продолжи со војната. На овој начин може да се влијае на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да започне преговори со Русија, кога ќе оцени дека е вистинскиот моментот, а во зависност од резултатите од контраофанзивата, додава парискиот весник.

Ле монд оцени дека со овој нов пристап Париз се доближува до ставовите на земјите од Централна Европа, од кои повеќето, пред се Полска и балтичките држави, неуморно се залагаат за влез на Украина во НАТО.

Весникот потсетува дека Берлин и Вашингтон ја отфрлаат можноста Украина да влезе во НАТО. Франција и до сега имаше таков став.

„Пристапот на Франција сега е поблизок до Полска отколку до Германија“, изјави за Ле монд неименуван странски дипломат.

Ле монд потсети дека на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, тогашниот француски претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрлија можноста за брз прием на Украина во НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ