вторник, 22 октомври 2024

Лажен „Путин“ објави дека Русија е нападната додека Украина тргнува во офанзива (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Хакери емитуваа лажен вонреден телевизиски апел од компјутерски генерираниот руски претседател Владимир Путин кој прогласува воена состојба откако украинските трупи преминале на руска територија, изјави Кремљ во понеделникот за државните медиуми, пренесе Политико.

Голем број радио и телевизиски станици во пограничните региони ја емитуваа пораката, наводно од врховниот командант на земјата. На екранот, Путин со реалистичен изглед изјави дека ќе започне целосна мобилизација како подготовка за сеопфатна војна со Украина, истовремено повикувајќи ги граѓаните да се евакуираат од своите домови и да бараат безбедност во внатрешноста на Русија.

„Денеска, во 4 часот утринава, украинските сили… со поддршка на Вашингтон, влегоа на територијата на регионите Курск, Белгород и Брјанск“, се вели во преносот, најавувајќи масовно повикување на подобни мажи за „победа на опасниот и перфиден непријател“.

Сепак, во изјавата објавена во понеделникот, прес-секретарот на Путин, Дмитриј Песков, инсистираше на тоа дека говорот „дефинитивно не се случил“, а безбедносните служби го разгледуваат случајот. Телевизиските оператори на Крим, окупиран од Русија од 2014 година, потврдија дека нивните системи биле компромитирани.

„Лажните објави за кои се тврди дека доаѓаат од реални личности се постојан ризик во светот со подемот на вештачката интелигенција“, рече полковникот Филип Инграм, поранешен британски воен разузнавач и планер на НАТО. „Во воената пропаганда, „дипфејковите“ испорачани на убедлив начин за воен или политички ефект се очекувано оружје – но можат да бидат многу убедливи“.

Очигледниот сајбер напад доаѓа по низата прекугранични рации на проукраински борци под знамето на Легијата за слободна Русија и рускиот Волонтерски корпус, за кои се вели дека се руски граѓани кои имаат намера да се борат против владеењето на Путин. Во неделата, една од групите рече дека зела десетици затвореници за време на еден таков упад и дека ќе ги размени за заробени украински војници.

Напорите да се потиснат силите на Москва и да се натераат да ангажираат оскудна сила и оружје во одбраната на границата долга 1.000 километри, ескалираа поради растечките очекувања дека Киев ќе започне голем напад за да ја врати територијата окупирана од Русија.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар во понеделникот рече дека трупите на земјата „се префрлаат на офанзивни акции“ долж некои делови од линијата на фронтот. Во меѓувреме, командантот на копнените сили на Киев, генералот Олександр Сирски, рече дека неговите единици „се движат напред“ кон спорниот град Бахмут.

„Украинската страна – или оние што дејствуваат во нивно име – играат паметна игра користејќи ги долгогодишните тактики на Русија за ширење хаос против нив“, рече Иан Гарнер, експерт за руска пропаганда и автор на нова книга за војната. „Со постојаниот бараж на видеа и вести од приказни кои ја замаглуваат границата помеѓу вистината и реалноста, проукраинските актери можат да го држат руското население будно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ