четврток, 21 ноември 2024

Лазаров: Задоволен сум од тоа што го сработивме досега

Во полн ек се подготовките на македонската ракометна репрезентација за настап на Европското првенство во Германија, селекторот Кире Лазаров е задоволен досегашната работа.
 

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометари во Стара Пазова, Србија ги одработуваат подготовките кои треба да кулминираат со пријателски меч против Црна Гора.

„Задоволен сум од тоа што го сработивме досега. Работевме на нападот, одбраната, контранападот, како и на физичката подготвеност. Имам појасна слика, но има уште време до ЕП за да се воиграме дополнително. Не успеавме да најдеме противници за пријателски натпревари, па затоа двапати ќе одиграме меѓу себе. На 29 декември играме против Црна Гора, квалитетна селекција, па тој дуел добро ќе ни послужи. Ќе биде вистински тест за тоа што сме сработиле дотогаш“, изјави Лазаров.

„Задоволен сум од физичката форма на играчите. Се чувствува мал замор кај некои, но ова е колективен спорт и имаме доволно време за да бидеме максимално спремни. Атмосферата во тимот е одлична, имаме идеални услови за подготовки. Митревски треба да ни се приклучи вечерва, така што од утре ќе бидеме комплетни“, дополни Лазаров.

Македонија првенството го почнува на 10 јануари против Франција на фудбалски стадион во Диселдорф, додека останатите две средби од групната фаза ќе ги одиграат во Берлин и тоа на 14 јануари против Германија и два дена подоцна против Швајцарија. Пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ