вторник, 22 октомври 2024

Лазаров: Имав побогата понуда од Вардар отколку од Барселона, но сонував да играм за каталонскиот тим

Објавено на

часот

Сподели

Лазаров открива дека пред да потпише за Барселона, имал понуда од Вардар.

„Играв во Атлетико Мадрид, кога Сергеј Самсоненко ме повика да дојдам. Тој само што влезе во Вардар, а јас веќе имав потпишано за Барселона. Тоа беше тајна, никој не знаеше за тоа. Ми кажа дека ме сака во тимот, дека најдобриот македонски играч треба да биде во Вардар. Тој направи се за да бидам дел од клубот и проектот. Цел живот чекав, работев напорно за да играм за Барса, навивав за тој клуб. Затоа му реков: ‘Ти благодарам, сè е одлично, но ова е мојот сон’. А понудата на Вардар беше финансиски посилна. Останав четири години во Барселона. Нешто во мене ми кажа дека Барселона е шанса што не треба да ја пропуштам. Но, мило ми беше што ме покани. Подоцна немаше можност, дојде и Нант, Вардар почна да се распаѓа и така никогаш не го облеков дресот на Вардар“, открива Лазаров.

Тој му замерува на Вардар што во своите најдобри денови не обрнал доволно внимание на создавање македонски играчи.

„Се восхитувам на тоа што Вардар го направи, тој беше двоен европски првак. Го направи успехот со странски играчи и јас го почитувам тоа. Тоа беше стратегија, се покажа дека е вистинската. Моја замерка за Вардар е зошто не работеше во исто време со помладите категории. Зошто во позадина немаше младински погон? Односно имаше, како и втора екипа, но таму не се работеше квалитетно. При освојувањето на европските штитули таму беше само Стојанче Стоилов од домашните играчи. Двете шампионски круни остануваат засекогаш запишани, се промовираше и Македонија, но репрезентацијата не доби ништо од тоа“.

Целото интервју можете да го прочитате на овој ЛИНК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ