петок, 25 октомври 2024

Лазаров: Франција заслужи да победи, но не со десет разлика

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров смета дека Македонија не заслужила да загуби толку убедливо на отворањето на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија со десет разлика го загуби мечот против Франција на Европското првенство. Имавме одличен старт на дуелот, но потоа противникот ја покажа целата своја сила, ние правевме грешки и на крајот поразот беше убедлив.

„Честитки за Франција, заслужено победија. Тие можеби се најдобриот тим заедно со Данска во светот. Задоволен сум од моите момци но тоа не беше доволно бидејќи загубивме десет разлика што можеби не е реално, можеби заслужено ќе беше да загубиме со 6-7 разлика, но кога правите грешки против селекција како Франција тоа е. Направивме многу грешки, премногу. Можеби ова беше очекувано од сите да го загубиме мечот против Франција. Сега имаме четири дена да се подготвивме за Германија. Немавме среќа што играме против овие селекции, но тоа е нашата судбина“, изјави селекторот Кире Лазаров на прес конференцијата по мечот.

Од Диселдорф за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ