петок, 25 октомври 2024

Лазаров: Да го намалиме бројот на технички грешки и да бидеме поагресивни во одбраната

Селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров вели дека мора да бидеме многу пофокусирани и поконцентрирани за време на следните два натпревари, не смее да си дозволиме толку технички грешки како во дуелот со Франција.

Објавено на

часот

Сподели

Пред денешниот тренинг на ракометарите, Кире Лазаров уште еднаш го потенцираше големиот број на технички грешки кои ги направивме против селекцијата на Франција.

„Мислам дека ни се добредојдени овие два-три дена што ќе ги имаме и распоредот што отворивме малку порано. Два натпревари во два дена против селекции како Франција и Германија ќе ни беше многу тешко, па добредојден ни е ваквиот распоред, овој одмор за да се подготвивме поконкретно и поспремни да влеземе во тој дуел со Германија. Направивме една анализа на дуелот со Франција, можеме да жалиме бидејќи можевме да извлечеме подобар резултат од тој натпревар. Имавме добри моменти, но и периоди во кои правевме многу технички грешки, не 14 колку што кажав на пред конференцијата туку 20 грешки. Да играш против Франција и да имаш 20 технички грешки тоа е премногу. Мораме да знаеме дека кога играме на ова ниво мора да бидеме поконцентрирани и пофокусирани“, вели селекторот Лазаров.

Македонија против Франција немаше ниту едно исклучување, Лазаров вели дека треба да покажеме поголема агресивност во продолжението од првенството.

„Се сложувам со јавноста дека треба да бидеме поцврсти во одбраната. Успешно се враќавме во одбраната, меѓутоа нивниот прв налет не можевме да го запреме затоа што тие се квалитетни ракометари, но и ние имаме квалитети и ги прифаќам критиките дека треба и мора да бидеме поагресивни. Треба да имаме контакти и дуели со противниците каде ќе изнудуваме повеќе прекршоци од девет метри со цел да ја носиме противничката екипа во пасивна игра. Очекувам в недела да бидеме во повисоко ниво во тој сегмент“, додаде селекторот.

Македонија против Германија игра во недела со почеток од 20:30 часот.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ